Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.
При контролата санкционирани се 103 возачи. Од нив 24 на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Струмица…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.