-Над 120 милиони евра за проекти. Се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека се изградиле и реконструирале водоводни и канализациони мрежи за една година во вредност од над 20 милиони евра.
-За една година се отпочна со реализација на голем број на градинки низ цела Македонија. Денес речиси и да нема општина каде нема дополнет капацитет или градба на нова градинка, или приспособување на просторни услови за тоа. За само една година се почна со градба или реконструкција на градинки во вредност од над 9 милиони евра.
Се инвестира и во основните училишта. За градба или реконструкција на основни училишта се инвестираа повеќе од 19 милиони евра.
Секојдневно се врши некое хортикултурно уредување. За нови паркови и зелени површини се почнаа инвестиции во вредност од речиси 4 милиони евра, додека за зачувување на животната средина и проекти од оваа област се инвестираат нови 2 милиони евра.
Во културата се вложени 2.5 милиони евра, додека пак за спортот и спортски објекти за најмладите се инвестира повеќе од 7 милиони евра, стои во соопштението на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ во општините каде е локална власт се грижи и за ранливите категории граѓани, за кои преку различни програми се предвидени 1.5 милиони евра.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ 365 дена работат за подобри општини.