петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

15 Македонци ги зафатило силно невреме во Грција, еве каква е нивната состојба

15 Македонци ги зафатило силно невреме во Грција, еве каква е нивната состојба

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун е во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија.

Се работи за 15 нашите државјани, сите на безбедно и во добра состојба. Нашите дипломати се во контакт и со претставниците на локалната самоуправа каде се информираат за локациите каде се наоѓаат нашите државјани.

Во Грција институциите информираат дека интензивно се работи на расчистување на патиштата; надлежните ги преземаат сите мерки за снабдување на регионите со храна и вода, а веќе е саниран и проблемот со снабдување со електрична енергија.

Најнови вести