четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

30.000 евра за семејствата на жртвите во пожарот – досега средства се дадени само за 9 од вкупно 14 починати

30.000 евра за семејствата на жртвите во пожарот – досега средства се дадени само за 9 од вкупно 14 починати

Владата на 23 ноември минатата година издвои 420 илјади евра за семејствата кои ги изгубија нивните блиски во пожарот во модуларната болница во Тетово. Во одлуката на Владата пишува дека паричните средства се даваат како финансиска помош за преживеаната душевна болка.

„Се задолжува Министерството за финансии да обезбеди средства од Резервите на Буџетот на Република Северна Македонија и да изврши исплата на еднократен паричен надоместок за претрпени душевни болки поради смрт на блиско лице на семејствата на загинатите лица во пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово, по семејство во висина од 30.000 евра во денарска противвредност на денот кога ќе биде извршена исплата на овој надоместок, односно во вкупен износ од 420.000 евра во денарска противвредност за семејствата на 14-те загинати лица“, се велат од Влада.

Вкупната сума што ја обезбеди Владата е 420.000 евра, што значи дека надоместокот по починат член од едно семејство во трагедијата ќе изнесува 30 илјади евра. ТВ21 дознава дека досега пари се даде само за 9 жртви. Во текот на денот контактиравме со претставници на Министерството за здравство кои остварија средба со роднините на жртвите со кои се договориле за кратко време да ги достават сите податоци.

„Денеска навршуваат точно четири месеци од трагедијата во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 пациенти, а 12 други беа повредени. Но, и по четири месеци случајот и понатаму нема разрешница“, вели репортерот на ТВ21.

За целосно расветлување на трагедијата во модуларната болница, Владата ангажираше германски експерти кои засега не откриваат до кога е случајот. Пред неколку дена, ТВ21 ги контактираше, но тие кусо ни одговорија дека не можат да откриваат ништо околу случајот. И Основното обвинителство ги заврши сите потребни истраги и е во исчекување на вештачењето од Германија.

Најнови вести