Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 384 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 21 лицe, пречекорување на дозволената брзина на движење 138 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 20, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл, 88 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 160), а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска, стои во соопштението на МВР.
Од Министерството истакнуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.