СДСМ на чело со пиунот Ковачевски не се одважи и не ја поддржа Декларација за Гоце Делчев поднесена во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Со одбивањето на оваа Декларација се отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски со Бугарија преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ веќе 4 дена не одговори што е спорно за нив во Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Не одговорија дали за нив е спорно што со Декларацијата се бара да се спроведат активности во училиштата со кои учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев, или пак за нив е спорен повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод јубилејот.
Ги повикуваме СДСМ да ја прочитаат Декларацијата поднесена во Собранието. Воедно да се вразумат и да се откажат од брзоплетите реакции и да ја прифатат оваа Декларација се со цел да се заштити ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Очекуваме национално единство и донесување на оваа Декларација по повод 150 годишнина од раѓањето на Делчев, стои во партиското соопштение.