Алијансата за Албанците во соопштение наведува дека на Насер Зибери денеска му било наредено да врши притисок врз наставниците со злоупотреба на децата и нивните родители, за да ја спаси партијата и Владата.
Според нив, откако Зибери ги измамил Албанците дека ќе биде првиот премиер Албанец, а потоа како награда ја узурпирал функцијата народен правобранител, сега станува адвокат на Владата и партијата.
„Адвокатот на ДУИ, Насер Зибери денеска доби наредба да врши притисок врз наставниците со злоупотреба на децата и нивните родители, за да ја спаси партијата и Владата. Откако ги измами Албанците дека ќе биде првиот премиер албанец и потоа како награда ја узурпира функцијата народен правобранител, сега станува адвокат на Владата и партијата. Јавно го прашуваме, каде беше да ги заштити децата кога Владата и МОН не обезбедија опрема, таблети и интернет за онлајн учење, каде беше кога децата Албанци во многу населени места бараа паралелки и беа принудени да учат на македонски јазик, каде беше кога Професорката Бесијана Мехмети силуваше и им се закануваше на студентите? Го повикуваме Адвокатот на ДУИ итно да се откаже од оваа срамна и пропадната мисија, но да бара одговорност од неговата партија каде се ветените 600 евра плата за наставниците” – порачуваат од АА.