понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатите бараат изземање на судии поради тврдењата на Катица Јанева дека има разговори меѓу нив

Адвокатите бараат изземање на судии поради тврдењата на Катица Јанева дека има разговори меѓу нив

Адвокатите бараат изземање на судиите во „Траекторија“, како и на судиите Џолев Иван, Бајазит Бајазити, Лидија Димчевска и Сафет Кадриу, поради интервју на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека има разговори меѓу судии кои, како што рече адвокатот Еленко Миланов, постапуваат по предмети на СЈО.

По интервјуто на Катица Јанева, адвокатите се сомневаат во пристрасноста на судиите.

Тие се сомневаат во политичката независност на судот.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Тие пред Судот се изјаснија дека го разбрале обвинителниот акт и предлог, но оти не се чувствуваат за виновни.

Најнови вести