понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатите разочарани од третманот на Судот, најавуваат повлекување од процесите против Груевски

Адвокатите разочарани од третманот на Судот, најавуваат повлекување од процесите против Груевски

-Судија ако продолжите со ваков третман, ќе мора да се повлечеме, бидејќи не можеме да им помогнеме на нашите клиенти, со овие зборови се обрати адвокатот Дончо Наков до судечкиот совет предводен од судијата Горан Бошевски во текот на вчерашното судење за случајот Траекторија каде обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Гeoргиевски.

На ова се надворза и адвокатот Дангов кој реагираше на третманот на судот кој досега не го доживеале, и дека во услови на такво бесправно и хаотично политичко судење не може да им помогнат на обвинетите.

Судот започна расправа без запизник од претходното рочиште, а притоа како по правило постоеше дрзок однос кон одбраната и адвокатите од страна на Судот.

Адвокатот Наков побара Судот да го почитува законот. Тој посочи дека секој ден бил во судот и барал записник од минатото рочиште, но записник нема.

-Како ќе одлучуваме и ќе пружаме правна помош без записник. Законодавецот го определил ова право со цел и обвинителството и одбраната да се подготват. Како може да има рочиште без записник, посочи адвокатот Наков.

Тој побара одложување на рочиштето, а записнокот е законска обврска, не помошно средство.

-Применете го законот, јас ќе се откажам од предметот доколку не обезбедите фер услови за судење, рече Наков.

Најнови вести