недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатот Менкиноски: Да одговараат креаторите на лажни вести, тие прават кривично дело лажно пријавување

Адвокатот Менкиноски: Да одговараат креаторите на лажни вести, тие прават кривично дело лажно пријавување

Адвокатот Тони Менкиноски оценува дека треба да одговараат сите оние кои креираа лажни вести и ширеа невистини за Христијан Мицкоски.

„Јавното обвинителство утврди дека сето ова е креирано и невистинито..за жал пропушти да ги казни оние кои ова го креираа како лажно пријавување на кривично дело!
Од пусти страв измислуваат се само со цел да ги деградираат оние кои се чесни и имаат искрени намери за Македонија и Македонците!
Никогаш нема да се откажеме од нашата Македонска кауза – џабе ви е….“, напиша тој.

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19.

Менкиноски потсетува дека лажно пријавување на кривично дело е кривично дело!

 

Најнови вести