петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ако го зголемуваат бројот на вработени, зошто тогаш имаме намалена продуктивност во економијата“?

„Ако го зголемуваат бројот на вработени, зошто тогаш имаме намалена продуктивност во економијата“?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју во емисијата Отворено на ТВ Алфа нагласи дека иако СДСМ и Заев се фалат дека вработиле 50.000 луѓе треба да се постави вистинското прашање каде се вработени?

Мицкоски потенцира дека иако тие се фалат со зголемување на вработеноста, продуктивноста во економијата се намалува, односно како што рече тој, во моментот има економска политика која се темели на катастрофа.

-Тие велат вработиле 50.000 луѓе и видете ја сега додадената вредност која што ја направиле тие 50.000 луѓе е нула. Сега вистинското прашањето е, во ред, кога вие ќе го зголемите бројот на вработените исто толку пропорционално или приближно треба да се зголеми додадената вредност, а таа е нула. Сега се поставува прашањето каде работат овие 50.000 луѓе и какви се тие вработувања, вели Мицкоски.

Најнови вести