Градот Скопје апелира до граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема.
Се апелира за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и друго.
Ќе се преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини.
Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.