Од Центарот за управување со кризи – Велес информираат дека во моментов е активен пожарот кај село Црквино над гробиштата каде гори сува трева, а засега нема опасност по куќите.
Пожарот избувнал околу 13 часот, а се уште на терен е екипа од Територијалната противпожарна единица Велес.
Претходно, во 10:50 часот избувна пожар во близина на Велес во месноста „Бојаџиева чешма“ кај „Штипско петле“, а била зафатена сува трева. Поради силниот ветар пожарот се проширил па претставувал опасност по околните куќи.
– Сепак со брза интервенција на Територијалната Противпожарна Единица пожарот е изгаснат околу 13 часот, информира за МИА Кристина Хаџиева од ЦУК – Велес и додава дека за пожарот тие ги известиле во СВР Велес и Дирекцијата за заштита и спасување во Велес.
Таа појаснува дека во еден момент пожарот бил сериозна закана за да се запали една куќа, но со брза интервенција од ТППЕ со 10 пожарникари со три противпожарни возила и два камиона, пожарот бил изгаснат.