вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Активни неколку пожари во земјава

Активни неколку пожари во земјава

Центарот за управување со кризи информира за пожарите кои се уште се активни во земјава.

Пожарот во близина на селото Бачишта е ставен под контрола, но сеуште е активен. Утрово 5 вработени од ШС Лопушник и 5 лица од локалното население се спуштаат надолу по планината за да интервенираат да ја изгаснат останатата мала активна линија која гори.

Пожарот во близина на селото Тајмиште е со намален интензитет, но е сеуште активен. Утрово 8 вработени од ШС Лопушник се излезени на терен го обиколуваат теренот и дејствуваат на негово локализирање.

Се уште активен е и пожарот што започна на ден 30-ти октомври во 10 часот во атар на с.Ореовец м.в. Присој во oпштина Македонски Брод. Пожарот е префрлен во атар на с.Русјаци и с.Ижишта. Зафатено е ниско деградирана дабова шума и лисната постела.

Во гаснење на пожарот денес интервенираат четири лица од ЈП Македонски шуми- подружница „Сандански“ и 4 пожарникари со 1 теренско возило позајмено од ЕЛС М.Брод. Пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод моментално интервенираат над селото Русјаци правеќи безбедносни појаси за пожарот да не се префрли во погустата шума во атарот на село Русјаци.

Екипата од Македонски шуми е распоредена во атарот на с.Ореовец над Манастирот Св.Архангел Михаил.
Од лицата кои што се на терен сме известени дека пожарот е многу повисоко на самиот срт на планината каде што гори претежно сува трева.

ПО РЦУК Македонски Брод е во постојан контакт и координација со ЕЛС М.Брод, ТППЕ Македонски Брод и ЈП.Македонски шуми од Македонски Брод.

ТППЕ Гостивар известува дека синоќа во 21:20 часот интервернирале над село Печково со едно возило и 4 пожарникари. Горело дабова шума. Пожарот е ставен под контрола.

Од Национални Шуми подружница Гостивар, 5 вработени се на терен на шумскиот пожар над с.Печково, поточно на патот за Печково помеѓу селата Вруток и Речане.

Најнови вести