петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор

ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор

Шест пожари кои беа активни на отворено вчера се изгаснати по интервенција на противпожарните тимови, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во пожарите гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци.

Според извештаите на Секторот за операции и координација во ЦУК, пожари имало кај село Лознани во Општина Битола, покрај патот за село Новаци во Општина Новаци, два пожара во населба Речани и кај село Рлевци во Општина Велес, кај село Војшанци во Општина Неготино и во кругот на Општина Куманово.

-Временските услови денеска се повлажни и се надеваме дека нема да има многу пожари, соопшти ЦУК.

Најнови вести