вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аларм од затворениците во Идризово: Некој се зафркава со нас со Законот за амнестија, може да го запалиме затворот!

Аларм од затворениците во Идризово: Некој се зафркава со нас со Законот за амнестија, може да го запалиме затворот!

Последните податоци од најголемиот затвор во земјата, Идризово, покажуваат дека минатата ноќ од страна на Кривичниот суд донесени се девет одлуки за затворениците кои се опфатени со овој закон, при што ослободени се осум затвореници, меѓу кои и еден странски државјанин, додека за едно осуденото лице казната е намалена за 30%, пишува порталот Алмакос.

Во меѓувреме, извори од затворот за Алмакос велат дека „затворениците во Идризово, повеќето од тие за кои што е донесено одлука за ослободување, се држат како заложници од страна на разни судови, со што не се пуштаат така како што предвидува законот и правилниците на затворите“ .

-Во меѓувреме, ова предизвика голема нервоза кај затворениците, кои се закануваат дека ако се продолжи да се игра со нив “ќе ве пуштиме, после не ве пуштаме”, тогаш може и да го запалиме затвор, се закануваат затворениците кои со законот за амнестија треба да бидат ослободени, пишува порталот.

Од раководството на затворот велат дека одлуките во секој момент може да се променат имајќи предвид дека големиот број на барања се поднесени во Кривичниот суд.

Најнови вести