Утринава струшкиот градоначалник Мерко со службениот автомобил „Шкода“ насмеан дојде на своето работно место. Се обидовме да стапиме во контакт со него, но не сакаше да не прими во неговата канцеларија. Од оштинската администрација велат дека немаат овластувања да зборуваат во негово име, ќе се огласел самиот кога за тоа ќе почувствувал потреба.
Бидејќи Мерко три дена не одговара на повиците,откако влезе во општинската зграда, се обидовме уште еднаш да стигнеме до него. При влез во општината никој не’ не спречи се додека не се качивме на катот каде што е неговата канцеларија.
Повелете што сакате? Кај градоначаникот. Зафатено е. Ама ти не’не најави !?Ако нејќе,нејќе една секуда нема откако дојде… Зафатено! Зафатен е?
Вработените велат дека Мерко и изминатите два дена доаѓал на работа но не примал странки. Тоа што Мерко се најде нацрната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси, за повеќето стружани не е изненадување.
“Баш така треба повеќе коментари немам потреба да давам, заслужено. Сметате дека треба сам да си поднесе оставка? Нормално дека треба да си поднесе после сите криминали што ги има направено, треба да си поднесе. Ќешќе нема почнат, нека ги бркаат работите. Ние за лошо Мерко не го знаеме. Како заслужил така, спијат нашите функционери, судот е за нигде. Не треба Америка, нашите требаше порано да откријат. Мора да поднесе оставка, друго нема. Ве изненади тоа што го ставија на црна листа? Нас овде не може ништо да не изнади, овој народ,толку е навлезен криминал”.
Инаку ова е четврт градоначалнички мандат на Мерко, во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави,но само еден предмет е процесуиран во струшкиот Основен суд. Во 2018-та година пак со пари од општината, за сума од 66.000 евра, Мерко купи автомобил Ауди А6 и 4-ри шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра. Антикорупциска во 2019-та година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко, за да се утврди дали тој незаконски трошел државни средства спротивно на јавниот интерес и на законите. Дека јавашлукот на Мерко нема крај, говорат и извештаите според кои за период од 2018-та до 2021 за репрезентација Мерко потрошил вкупно 139.296 евра.