Поднесувам оставка од премиер и од претседател на СДСМ … Вака ветуваше Зоран Заев ноќта по изборниот дебакл, но најавите за оставки останаа да лебдат и по четири дена. Премиерот во заминување не се појавува во јавност ниту пак има било какви активности. Но не е само Заев, деновиве ниту неговите најблиски соработници во владиниот состав не се појавуваат пред новинарите. А повлекувањето на Заев согласно Уставот предвидува дека во оставка е и целата Влада.
Потегот на Заев ќе ги „изгори“ и неговите први луѓе од доверба – Царовска, Филипче, Спасовски….
-Чекорот за оставка Заев ја правдаше со катастрофалните изборни резултати, но лошата репутација која ја стекнаа министрите во владата очигледно дека го помина трпението на граѓаните. Бројните скандали и одлуки кои министрите на Заев ги носеа на штета на стандардот на народот очигледно е дека придонесоа за црвениот картон кој беше испорачан на изборите. А во изминативе неколку години не помина ниту еден месец да нема скандал од невидени размери кои ја тресат владата на Заев. Неговите најблиски соработници и покрај доказите за директна вмешаност во случаите ниту еден не доби судска завршница – случаите или се заглавени во фиоките на Обвинителството или истрагите уште траат, анализира Алфа.
Скандалозните одлуки на министерката Мила Царовска целосно го закочи образовниот систем за што родителите од целата држава се дигнаа на нозе против таквите политики. Дигитализацијата за која Царовска влезе во војна со родителите, почна со недостиг на таблети и печатени учебници.
-Во екот на пандемијата, македонската влада повторно го сврте светското внимание кон себе кога беше објавено дека преку фантом фирма се обидувала да набави кинески вакцини по многу повисока цена, по што Кина се посомнева во криминал и го врати авансот. По повеќе од еден месец од катастрофата со модуларната болница во Тетово и 14-те згаснати животи министерот за здравство Филипче не понесе одговорност, ниту пак беше разрешен- премиерот Заев тогаш одлучи дека тој немал никаква вина за трагедијата. Единствено експресно беше решен скандалот во кој МВР издаде дури 215 оригинални пасоши на нарко босови од Европа и светот, но наместо случај од вакви размери одговорност да понесат првите луѓе на институцијата, пресуди имаше единствено за вработени на шалтерите. МВР на Оливер Спасовски последно во низа е вмешано и во скандалот со протераните дипломати. Но не само што нема никаква разрешница за ниту еден од низата криминали кои ја тресат Владата на Заев, ниту во Собранието не се процесуираат барањата за интерпелација за министрите во неговата влада, па граѓаните не видоа ниту една одговорност на дело, анализра телевизијата.
Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение