четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Aлијанса и Алтернатива до Министерство за здравство: Зошто е прекинат проектот „Добредојде бебе“?

Aлијанса и Алтернатива до Министерство за здравство: Зошто е прекинат проектот „Добредојде бебе“?

Коалицијата Aлијанса за Албанците – Алтернатива бара повторно да се активира платформата „Добредојде бебе“.

Коалицијата го прашува Министерството за здравство зошто е прекинат овој проект?

Тој беше донесен во 2017 година кога министерството го водеше Арбен Таравари од Алијансата.

Проектот им овозможуваше на родителите да добијат извод од матичната книга на родените за своето новородено дете во рок од 48 часа и тоа директно од болницата.

-Имаме информации дека повеќето родители по раѓањето на децата имаат големи жалби затоа што талкаат низ разни полициски канцеларии и институции скоро 2-3 недели додека не обезбедат извод за родените за своите деца. Ние како албанска опозиција го прашуваме Министерството за здравство и Владата зошто овој проект беше прекинат, зошто беше занемарен и зошто не беше повторно вратен? Ние инсистираме проектот да се врати со единствена цел родителите да ги добиваат изводите и да не талкаат низ разни канцеларии, изјави Арбен Таравари, Секретар на Алијанса за Албанците.

Најнови вести