Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19 од петиот пакет е закажана за попладнево 18:30 часот.
Комисијата е закажана откако претходно денеска во Собранието владејачкото мнозинство и СДСМ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.
Според координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива, Скендер Реџепи, пратениците веќе ги потпишуваат амандманите што, како што посочи, ќе бидат преку 3.000.
Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако денеска беше постигнат договор помеѓу владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.