петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алијанса за Албанците утре ќе одлучува за поканите за лидерски средби

Алијанса за Албанците утре ќе одлучува за поканите за лидерски средби

Од Алијансата за Албанците (АА)најавуваат дека утре ќе донесат одлука за поканите за лидерски средби од премиерот Димитар Ковачевски и од Движењето Беса.

– Утре ќе одржи седница Комисијата за организирање на Конгресот, кој ги има ингеренциите на раководството и ќе донесе одлука за поканите за лидерски средби, велат од партијата.

Од владината прес-служба синоќа информираа дека премиерот Димитар Ковачевски ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, што ќе се одржи в понеделник, на 7 ноември, во Собранието на Република Северна Македонија.– Средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, стои во соопштението од Владата.

И потпретседателот на Движењето Беса, Арјанит Хоџа на вчерашната прес-конференција информира дека политичката партија БЕСА  ќе испрати покана до сите партии на Албанците за заедничка средба, на која, како што рече, треба да се разговара за измените на амандманот 5 од Уставот што БЕСА ги бара, односно да се смени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“. (МИА)

Најнови вести