вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Аман луѓе, помагајте“: Со голи раце и трактори, оставени сами на себе, граѓаните се борат со пожарите во беровско – СВЕДОШТВА

„Аман луѓе, помагајте“: Со голи раце и трактори, оставени сами на себе, граѓаните се борат со пожарите во беровско – СВЕДОШТВА

Жителите на селото Будинарци во околината на Берово, во Малешевијата, преживуваат вистинска голгота. Оставени сами на себе против голем пожар кој гори и се заканува накај селото.

Вознемирени граѓани ја контактираа редакцијата на КУРИР, а нивните потресни сведоштва ви ги пренесуваме во продолжение:

-Гори над селото, има густ чад и пламен. Сами се бориме, кој со голи раце, кој со трактори, луѓето сами одат да гасат. Пожарни возила тука немаат дојдено. Состојбата тука е критична, не само во нашето село туку иво околината Умлена, Робово. Оставени сме сами на себе, народот си го спасува селото. Немаме ни опрема овде, кој со што се снајде оди да гаси. Не дојде пожарна, нема ни пумпи, ништо, вели нашиот соговорник од ова село.

Станува збор за село кое е од збиен тип. Куќа до куќа.

-Овде има многу стари куќи, ако огнот се симне и дојде во селото – толку ќе биде. Пред некој месец овде гром ни направи пожар, две куќи и четири плевни изгореа, еве никој не дојде да види од тогаш, вели жителот со кој разговаравме.

КУРИР стапи во контакт и со друг жител на ова село.

-Се шири многу брзо, ветерот силно дува и менува правец, горат боровите. Пожарот мора јако да се пресретне инаку од огинот ќе ни отиде селото, вели тој.

„Аман луѓе, нека ни помогне некој“ – велат вознемирените жители!

На овие луѓе мора да им се помогне. Даваат надчовечки напори со голи раце да си ги спасат домовите и животите, но итно е потребно противпожарна екипа да пристигне на помош!

До нашата редакција тие ги испратија и  овие фотографии од страшната слика на која денес е сведоци.

 

Најнови вести