четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Амнестија побарале 66 лица, надлежните обвинители постапуваат по предметите

Амнестија побарале 66 лица, надлежните обвинители постапуваат по предметите

Во Јавното обвинителство пристигнале вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.

Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија.

Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите.

По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот.

Најнови вести