понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНАЛИЗА: Чистка пред генерална проба, Заев од денес тргнува во офанзива

АНАЛИЗА: Чистка пред генерална проба, Заев од денес тргнува во офанзива

Циркузот во македонското собрание заврши, сега за сега, изгласан е петтиот пакет на мерки, за лица и фирми погодени од ковид кризата која го зафати светот, а тоа помина многу лошо, целата ситуација помина во НЕдемократска атмосфера, едни блокираат, други тераат инает, трети дигаа чалам.

На крај ДУИ преку Талат Џафери, им се одмазди на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сами тераа лидерска средба, а ДУИ тоа го смета за понижување. Носеа пратеници со скафандери, додека траеше 32-та седница еден од пратениците изиграваше циркузант, друг шеташе низ салата дерејќи се… кратко кажано, вчера имавме циркуз без пари на собранискиот канал.

На крајот од денот се заврши, ДУИ си го доби своето со помош на СДСМ, бидејќи Заев и СДСМ мораа да си го платат долгот за понижувањето, ВМРО-ДПМНЕ со сите сили нападна поради „космонаутите“ во собранието, Апасиев и Левица повторно од говорницата испрати закани кон свотите колеги „космонаути“. А од денес почнува нова борба, Заев тргнува во една нова офанзива.

Од денес Заев во СДСМ ќе прави голема чистка… генералка. Радмила Шекеринска и нејзиното крило во СДСМ се на неговиот „нишан“ .

Зоран Заев е свесен дека доколку сака да опстане и комплетно да завладее во партијата мора да расчисти со Радмила Шекеринска и таканареченото скопско крило, кое има огромно влијание во СДСМ, многу повеќе од струмичкото и е проблем за Заев и неговите блиски соработници.

Од денес Зоран Заев со сите сили ќе тргне против Шекериснска и нејзините, Дамјан Манчевски го тргна, изминатите денови му прави проблеми на Саша Богдановиќ, а Шилегов комплетно го игнорира, речиси сите градоначалници и функционери кои важат за блиски до Радмила Шекеринска се на „нишанот“ на Заев, а тоа има цел, на есен ни претстојат локални избори, избори да се биде или не за Зоран Заев.

Заев тргнува од опашката, за после кога ќе треба „ да ја исече“ главата тоа да биде полесно од колку што изгледа. Но, Радмила Шекеринска не е наивна и далеку е од неискусен политичар, Радмила Шекеринска е политичар кој 30 години опстојува на политичката сцена, таа ги „преживеа“ Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски, а сега треба да му се спротистави на Зоран Заев. 

Тоа дека Радмила Шекеринска не е наивна и добро плива во политичките води цели 30 години покажуваат неколку нејзини средби во време кога е нападната. Две средби за брзо време со Кејт Мери Брнс, ако се сеќавате на онаа средба на Криволак и дента кога САД донираа опрема во АРМ се типичен пример за тоа како Радмила Шекеринска хирушки прецизно знае кога и се наближува некаква опасност. 

Но, да не заборавиме дека СДСМ треба да избере и ново раководство, потпретседателските места од 5, Заев ги намали на 3, Радмила Шекеринска по се изгледа ќе ја загуби оваа позиција, па така според пишувањата на медиуми блиски до СДСМ, на тие места се планираат најлојалните сопартијци на Заев, Оливер Сапсовски и Венко Филиче, третиот нека остане изненадување, но како сега стојат работие во СДСМ, Радмила Шекеринска веќе нема да биде на оваа висока партиска функција.

Да заклучиме, едниов е полн како брод, тазе избран за претседател на партијата, а другава е со силни меѓународни врски и пријатели. Едно е сигурно, Зоран Заев од денес почнува офанзива против Радмила Шекеринска, а прашање е дали нејзините пријатели ќе му се спротивстават на Заев во „нападот“ кој го планира.

Најнови вести