петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНАЛИЗА: Причините поради кои Шекеринска повеќе не е во игра

АНАЛИЗА: Причините поради кои Шекеринска повеќе не е во игра

Во понеделникот објавивме дека Зоран Заев започнува голема офанзива против Радмила Шекеринска и нејзиното крило, тоа и се оствари. Радмила Шекеринска сама се откажа од заменик претседателското место во партијата, намерно или со причина?!

Мора да признаеме дека очекувавме пожестока борба од Шекеринска, но Рада пребрзо се откажа од тронот на кој е веќе 30 години. Толку лесно се предаде што ни дава причина да се сомневаме дека позади оваа нејзина одлука се крие нешто друго, нешто големо.

Радмила Шекеринска 30 години беспрекорно плива во политичките води, секогаш на врвот, секогаш меѓу елитата, а вчера без никаква борба ја предаде таа позиција.

Но, позади оваа нејзина одлука сама да се откаже од позицијата, недавајќи му на Зоран Заев можност тој да и даде шут-карта можно е да се кријат две причини.

Едната е да го пушти Зоран Заев сам да гори во скандалите, а другата е УЦЕНА.

Првата можеби и не толку важна, е да го остави Зоран Заев сам да гори и да се справува со скандалите кои му се случуваат во последниве месеци, кој сам си ги дозволи и исценира.

Радмила Шекеринска е паметен политичар, кој сигурно му има укажано на Зоран Заев за грешките кои ги направи со Драги Рашковски кој беше изваден од нафтелин, му има укажано и за сите претходни грешки.

Но кога на сето ова, Зоран Заев останал глув, Радмила Шекеринска во вистински момент реши да го напушти неговиот брод.

Радмила Шекеринска со вчерашниот потег не дозволи да биде омаловажена пред партиското членство, не дозволи Зоран Заев пред сите да и каже дека таа повеќе нема да биде во високото партиско раководство, Радмила Шекеринска не дозволи Зоран Заев да ја понижи и да и ја уништи 30-годишната политичка кариера, бидејќи е препаметна да го дозволи тоа.

Другата причина поради која можеби доведе до оваа нејзина одлука е УЦЕНА.

Уценета, но не од Зоран Заев, бидејќи толку искусен политичар како неа, нема толку лесно да прифати ваков пораз од Зоран Заев. 

Радмила Шекеринска не е уценета од Зоран Заев, Радмила Шекеринска е УЦЕНЕТА од некој многу помоќен од Зоран Заев, некој на кого Радмила Шекеринска не смее да му рече НЕ, па без никакво двоумење прифатила да се откаже од партиската функција.

Дека повеќе нема да биде висок партиски функционер, на Радмила Шекеринска и било кажано уште пред внатрепартиските избори во СДСМ, па оттогаш па навака таа бара погоден момент како тоа да го соопшти, а да изгледа на некој начин победнички. Мора да признаеме одлично изигра.

Но со што е УЦЕНЕТА Радмила Шекеринска? Се крие ли некакво матно и криминално минато на Радмила Шекеринска позади оваа УЦЕНА? Оставаме времето да покаже. Но, исто така, ова нејзино повлекување може да биде и нејзин спас.

Да, ова нејзино повлекување може да значи и нејзин спас, или ќе се повлече прво од партиските функции па потоа и од јавните или ќе се активира некаква АФЕРА против неа.

А сигурно таа АФЕРА предизвикало голема паника кај Радмила Шекеринска што веднаш прифатила да се повлече комплетно од политичката сцена.

Радмила Шекеринска е политичар кој 30 години е во врвот на политиката, несвојствено е за таков тип на политичар да ја предаде битката без „испукан куршум“. Во периодот што следи ќе видиме што се крие зад овие „игри“.

ПС: Амбасадорското место во САД ќе биде награда за Шекеринска, а Зоран Заев комплетно ќе завладее во СДСМ.

Најнови вести