вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анализа: „Слугата“ Јовески и неговото право

Обвинителот, кој според логиката на бараното од СДСМ пред да стане власт, требаше да биде токму од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, сега тврди дека опозицијата, наводно, одбила да му даде збор за да ги покажел писмата на Јанева? Веста, како таква, срцепарателна и правична, ја прикажаа десетици провладини медиуми, а дел од најизвиканите експоненти на „професионализмот“ во државата му земаа  и интервју на темата. Замислете, како во случајот на Јовески таа „лоша“ опозиција, која е „режим“ и кога не е на власт, му одбила на сиромавиот, малтретиран обвинител да ги прикаже писмата на Катица? Мирудијата од познатиот рецепт, според се’ досега срочено во прикаската за писмата, има позната адреса. Да нема забуни, зборуваме за авторот, истата таа обвинета во и за „Рекет“ и тогаш во затвор Јанева која пред два дена својата колешка Лиле Стефанова ја ослови со „Гомнарке, ороспијо една!“, па се правдаше со револтираноста оти и го возела мачето на истата таа колешка.
Анализа: „Слугата“ Јовески и неговото право

Јавноста е во дилема дали првиот човек на јавното обвинителство, Љубомир Јовески, во стил на една партија, ја замајува јавноста со извртување на фактите и глуми жртва во случај кога правото, за кое барем декларативно се залага, е флагрантно прекршено?

Ова е првичната констатација на познавачите на состојбите, кои вака го толкуваат неговиот најнов потег, чин во кој Јовески наводно ги донел трите писма на Катица Јанева во Собрание на дебатата за предлог-законот за ЈО (никој „независен“ не ги видел), но замислете – не му било дозволено да ги прикаже токму од опозицијата?

Обвинителот, кој според логиката на бараното од СДСМ пред да стане власт, требаше да биде токму од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, сега тврди дека опозицијата, наводно, одбила да му даде збор за да ги покажел писмата на Јанева? Токму според онаа „старата“: Знаете кој е виновен за се’,  а ако не ви текнува – прашајте ги „медиумите“.

Веста, како таква, срцепарателна и правична, веднаш ја лиферуваа и прикажаа десетици провладини медиуми, а дел од најизвиканите експоненти на „професионализмот“ во државата му земаа и интервју на темата.

Да не го заборавиме и Џабир Дерала, историчар на филозофија, чие присуство и потребата од неговото излагање на дебатата за ЈО и ден-денеска никому не му е јасно, а кој еден ден потоа останатите соговорници, еминентни универзитетски професори по право во колумна ги нарече „КУРТОНИ.“ На страна што тој требаше да биде почестен што „ничим изазваним“ и на повик на Дескоска се најде во такво правно-елитно друштво. И по Дерала, молк. Советот за етика, кој полека но сигурно го заслужува погрдното „Совет за протетика на вокабуларни инвалиди“, молчи и по цела отворена серија на говор на омраза пуштен на „најјако“, мува не ги лази, па не го ни перципира „дерењето“ на Дерала, а  и натаму, како по навика, се фаќа само за текстовите на опозицијата.

Замислете, како во случајот на Јовески таа „лоша“ опозиција, која е „режим“ и кога не е на власт, му одбила на сиромавиот, малтретиран обвинител да ги прикаже писмата на Катица? Мирудијата од познатиот рецепт, според се’ досега срочено во прикаската за писмата, има позната адреса.

Да нема забуни, зборуваме за авторот, истата таа обвинета во и за „Рекет“ и тогаш во затвор Јанева која пред два дена својата колешка Лиле Стефанова ја ослови со „Гомнарке, ороспијо една!“, па се правдаше со револтираноста оти и го возела мачето на истата таа колешка.

Но на Јовески, очигледно, не му е битен изворот на „наредбата“ за незаконско преземање на случаите против опозицијата, па за Дојче Веле изјави:

„Сакав да презентирам три писма. Едното, напишано на трети септември 2019 година, Катица Јанева го упатила поименично до сите обвинители во СЈО, со кое таа ги овластува да ги предадат на Републичкиот јавен обвинител за натамошно постапување сите предмети за кои се водат суски процеси и оние за кои се води истрага или предистрага. Тоа писмо го имам како фотокопија, бидејќи оригиналот е во СЈО.“

Во второто писмо од Јанева напишано на трети септември 2019 година, кое било упатено до Републичкото Јавното обвинителство, таа известила дека обвинителите во СЈО се овластени да ги предадат сите предмети од тоа обвинителство на натамошно постапување во ЈО.

„Со третото писмо, кое Јанева го напишала на 6-ти септември 2019 година, се вели дека согласно со законот ме овластува да ги преземам сите предистраги, истраги и обвиненија за натамошно постапување“ вели Јовески.

Каде е проблемот во горното излагање на Јовески, кој толку прецизно ги посочи датумите и писмата на Катица Јанева?

На страна што „недавањето“ да ги изложи е лична, непоткрепена со факти констатација на човек, во овој случај обвинител, кој побарал јавно да го стори тоа надвор од протоколот на јавната расправа, прашањето е зошто едноставо, доколку го одбиле, не ги повикал медиумите (не морал и опозициските, можел и само мнозинството провладини) и да им ги претстави и покаже фамозните писма? Логично, нели.

Првиот проблем во оваа опција е што така Јовески не можел да направи драма околу „режимската“ опозиција која не му дала да ги презентира на јавноста „насушно“ важните писма на Јанева. На страна што законот е прекршен со нивното прифаќање.

Вториот проблем е уште побитен. Неговата срж е во фактот што Јовески спинувајќи со писмата ја заборава основата на проблемот со епистоларрната комуникација на притвореничката, која на рака и преку рака шверцани писанија му предаде надлежност за преземање на случаите, сите до еден „случајно“ насочени кон екс раководството на опозицијата.

Отргнувајќи го вниманието на јавноста од овој есенцијален проблем, дали сега Јовески ја извртува прикаската и станува, т.е. глуми класична жртва на опозицискиот „режим“.

На беззаконието со писмата на Катица и улогата на Јовески, во низа реагираа повеќе правни експерти, некои од нив и довчерашни поддржувачи на шарената квазиреволуција.

Писмото, или сега по ново писмата, се голем правен проблем и за проф. д-р Гордан Калајџиев.

„Како сакате вие да имате доверба во систем во кој што корупмпиран обвинител во согласност со власта ја решава судбината на огромен број случаи и на целата прикаска со бомбите. Тоа не може да издржи. Тоа кај јавноста не може да издржи. Луѓето си викаат како бе оваа од притвор му ги дала предметите. Она ли е, не ли е, смее ли, не смее. Кај луѓето однапред таа е жигосана со самиот факт дека е осомничена во еден таков предмет, дека е сериозно инволвирана“ – изјави проф. д-р Кајалџиев.

Меѓу првите од десетиците професори и правни експерти, на Твитер уште веднаш по веста за писмата на Катица Јанева до Јовески реагираше и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска.

„Јовески, не е проблем дали си дал на увид писмо некому или не! ЈОВЕСКИ, Катица НЕМАЛА ПРАВО од притвор да потпишува било што поврзано со нејзината работа. Таа според ЗКП е оддалечена од работното место. ДА ОБЈАСНУВАМ ШТО ЗНАЧИ ОДДАЛЕЧЕНА?“ –напиша меѓу првите Каракамишева-Јовановска.

Сега, очигледно затечени од дебатата што деновиве се одвива во Собранието, која сега за сега со спортски речник е 5:0 во корист на правниците и излагачите кои бараат итна и опсежна преработка, промена и дообработка на контроверзниот предлог-закон за ЈО на Владата на СДСМ, власта, велат познавачите за Курир, повторно ги користи познатите судско-обвинителско-медиумски спреги и алатки за да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, создавајќи и ширејќи, во вој случај, правна магла преку своите „професионални и објективни“ медиумски филијали.

Фактите се едноставни и лесно достапни на јавноста –предлог-законот за ЈО е создаден и склопен за заштита на криминалите на функционерите на СДСМ (првенствено Заевите), а нелегалната епистоларна комуникација на релација Јанева-Јовески била и е со цел продолжение на пропагандата за наводните криминали на ВМРО-ДПМНЕ.

Всушност, потенцираат експертите, и во двата случаи се работи за еден единствен таргет – како што подобро да им се повлада и „учини“ на партиските нарачатели и наредбодаватели од екс Бихаќка. Поголема потреба, здравје, велат, во овие случаи се работи за нечија слобода. Волшебниот или правниот триаголник во кој се наоѓа Македонија го врзуваат со триото Јовески – Рускоска – Кацарска.

Потенцираат дека во конкретниот случај со писмата на Јанева, не може да постои правото на Јовески и Дескоска контра право на мнозинството еминентни универзитетски професори и правници во државата.

„Вагата“ и тежината на кажаното е следна: проф. д-р  Гордана Силјановска-Давкова, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, проф. д-р Александар Климовски, проф. д-р Никола Тупанчевски, проф. д-р Александар Даштевски, проф. д-р Гордан Клајџиев, екс јавниот обвинител Сотир Костов V.S. или контра екс министерот на СДСМ во чиј мандат се случи атентатот на Киро Глигоров – проф. д-р Љубомир Фрчкоски (чија сопруга ја брани Јанева во „Рекет“), филозофот Џабир Дерала, обвинителот Љубомир Јовески, Федералниот министер за правда на СФРЈ – проф. д-р Владо Камбовски и министерката во актуелната влада на СДСМ и самономинирана претставничка на Венецинјанската комисија – проф. д-р Рената Дескоска? Ова е соодносот на силите.

Оценете самите…

Најнови вести