вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Арсовска го врати Скопје 25 години назад во времето, срамота е граѓаните да се дават во смет поради неа

Андоновски: Арсовска го врати Скопје 25 години назад во времето, срамота е граѓаните да се дават во смет поради неа

„Ваквите состојби во градот не одговараат никому, а најмалку на граѓаните на Скопје затоа што не заслужиле да градоначалничката ги врати 25 години назад во времето. Јас сум бил многу млад во времето кога имаше кампања да се исчисти Скопје, буквално таков беше насловот на локални избори. Затоа што се сеќаваме на времето кога контејнерите беа преполни, отпад расфрлан на улици“, истакна Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Андоновски додаде дека градоначалничката ги врати граѓаните назад во минатото со тоа што три дена ѓубрето не се собираше.

„Јавноста дискутира и е згрозена од тоа дека „Комунална хигиена“ – Скопје не го собира сметот. И дека луѓето кои што живеат во станбени објекти во згради излегуваат пред врата и начекуваат полни контејнери и немаат каде да го одложат основниот отпад“, рече тој.

Тој посочи дека градоначалничката го запушти Скопје во секоја смисла на зборот.

„Главна одговорност треба да си понесат раководителите во „Комунална хигиена“ бидејќи не забележале 11 месеци дека исплаќале плата на луѓе што не оделе на работа“, укажа Андоновски.

Најнови вести