петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Извештајот на ЕК на Заев порача дека законот за сите во Македонија не важи

Андоновски: Извештајот на ЕК на Заев порача дека законот за сите во Македонија не важи

-Законот треба да важи за секој граѓанин во оваа држава, а тоа значи ако некого фатат како украл 20 ќебапчиња ќе биде суден, ќе биде осуден ако тоа е потребно но исто така да биде осуден и висок функционер од власта, особено од актуелната власт, кој направил коруптивно сомничење. Или на пример перел пари во некое село во Источна Македонија. Ако сакаме да одиме кон ЕУ правилото законот важи подеднакво за сите. Тоа суптилно но многу директно го кажува и ЕУ и ЕК во својот Извештај, нагласи Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во емисија на телевизија Алфа.

Андоновски додаде дека Извештајот на ЕК ја споменува и ДКСК дека има одредени прашања кои се отворени но им недостига заклучување односно затворање на случаите.

-Тоа што се случи со ДКСК од еден аспект е хиперпродукција на случаи, имаме стотици случаи кои што се отвораат но ние не можеме да видиме отворање и затворање на крупни случаи каде што се замешани функционери од актуелната власт, истакна Андоновски.

Андоновски напомена дека за носење одлуки и пресуди судската власт за одредени луѓе бргу решава во случај на претставници од поранешната власт или пак обични граѓани, а пак за функционерите од актуелната власт решенија нема, предметите и случаите се заташкуваат.

-Ние пред изборите предложивме донесување на Закон за испитување на потекло на имот. Не може да ни се случува политичар кој што се занимава со политика 5-6 или пак 7 години, еден или два мандати да му се случи да има милиони или милијарди во имот, во автомобили, во луксузни вили. Политиката не смее да биде извор на доход како да сте бизнисмен во некоја најиновативна компанија. Па во Гугл да работите вие не можете за 5-6 или 7 години да заработите толку имот како што има фамилијата на власта, рече Андоновски.

Андоновски посочи дека такви нелогичности во Западниот свет се откриваат но и казнуваат, така треба да се одвива и во Македонија.

Најнови вести