петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Со 4.6 милиони евра кои си ги доделиле вработените во СЈО можеа да се купат над 18.000 лаптопи и над 5 милиони заштитни маски

Андоновски: Со 4.6 милиони евра кои си ги доделиле вработените во СЈО можеа да се купат над 18.000 лаптопи и над 5 милиони заштитни маски

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување во вестите на македонската телевизија зборуваше за протестот кој го организира ВМРО-ДПМНЕ денеска и рече една од причините е тоа што само минатата недела се дозна дека во СЈО се поделелиле незаконски 4.600.000 евра пари на граѓаните на незаконски, нелегален начин помеѓу обвинителите, помеѓу вработените.

-Не можеме да зборуваме за владеење на право кога за едни луѓе за еден мерцедес кој сеуште го возат високите претставници некои луѓе лежат затвор, мајка на малолетно дете лежи затвор , а во исто време немаме никаква разрешница за случаите во кој што беше вклучен висок функционер на СДСМ во случајот Рекет 2 каде недостасуваат државни пари, каде се бркаат странски инвеститори, а тој предмет воопшто не е отворен. Не можеме да зборуваме за владеење на право кога имаме над 30 кривични пријави кои не се разрешени, а се во врска со поткупот кој се случуваше на денот на изборите и не можеме да зборуваме за владеење на право кога уставобранителите лежат во затвор осудени на над 200 години додека судијката која што ги осуди во тие предмети денес слушаме дека ќе биде предложена за уставен судија како награда за тоа што го правеше во претходните случаи. Тоа не е владеење на право и ние се бориме против овие сите овие неправди што ни се случуваат постојано во Македонија, истакна Андоновски.

Тој рече дека во врска со незаконските пари кои си ги поделиле обвинителите во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ формира правен тим кој што работи на поднесување на кривични пријави кон обвинителите, кон раководството на СЈО во тоа време за да се види зошто си ги поделиле овие пари.

-За оваа вредност од 4.6 милиони евра може да се купат над 18 000 компјутери со кои може да се покрие овој недостаток кој сега постои за социјални семејства и за децата кои што неможат да следат настава во овој период .Тоа се повеќе од 5 милиони заштитни маски кои можат да се поделат во болниците кои недостасуваат во борба со Ковид 19. Затоа нема да дозволиме на овој начин СЈО за кој од почетокот кажуваме дека е маша во рацете на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ, против уставобранителите да продолжиме и да дели вакви безобразни суми на пари, додаде Андоновски.

Најнови вести