сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски:ВМРО-ДПМНЕ достави докази за корупција во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност

Андоновски:ВМРО-ДПМНЕ достави докази за корупција во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност

СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави највисоко на листата по коруптивни практики во светот.

-После драстичниот пад на „Transparency International“ сега објавуваме веќе една недела информации за коруптивното однесување во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Бидејќи одговор од институциите под контрола на Зоран Заев нема денеска ги собираме сите наши наводи, информации, докази кои ги имаме и ги доставуваме до канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Се надеваме дека институциите на ЕУ во едни солидни транспарентни процедури и практики ќе востановат дали постојат информации за коруптивно однесување за кои ние ги изразивме наводите изминатите неколку дена, истакна на денешната прес-конференција  Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ги повикуваат сите институции, приватни лица и организации да допрат до нас со информации кои ги имаат за наводи за други коруптивни практики од Националната Агенција и им ветуваме дека нудиме бескомпромисна борба против корупцијата, против криминалот и ветуваме транспарентно однесување на институциите штом ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта во Република Македонија.

Најнови вести