петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски за Курир: СДСМ покажа класично непознавање за функционирањето на европските институции

Андоновски за Курир: СДСМ покажа класично непознавање за функционирањето на европските институции

Владејачката СДСМ преку нејзиниот портпарол, Дарко Каевски, на прес-конференција денес го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за поткопување на државните позиција во Ротердам.

Имено Каевски на денешната прес-конференција рече дека Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП кој се оддржа во Ротердам потпишал Резолуција во која тој го поддржал ставот на Бугарија кон Македонија.

-Иако повикува на почеток на преговори во Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“ Мицкоски кој присустваше на Конгресот на којшто е усвоен овој документ воопшто не реагирал за овој дел од Резолуцијата со ставои на Бугарија. Ако не реагирал, значи се согласува со напишаното. Прашање е дали гласал Мицкоски за Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија? Наместо да ги брани државните позиции утврдени и со Резолуција во македонското Собрание, Христијан Мицкоски ги поткопа во клучни моменти, изјави Каевски.

Став побаравме од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународниот секретар на партијата, Стефан Андоновски во изјава за Курир ги демантираше ваквите ставови на СДСМ, велеќи дека тие се доказ за класичното непознавање за работата на европските институции.

-СДСМ и Каевски со ваквите изјави покажуваат класично непознавање на функционирањето на европските институции и сакаат преку спин да ја покрие распродажбата на националните интереси направени од нивна страна. Политичкото собрани на Европската народна партија донесе документ, своевиден став, не е ни Резолуција со кој ги повика на итно отварање на преговорите за Македонија и Албанија без дополнителни уцени. Во истиот документ повика и на критика на владата за злоупотреба на институциите во политички цели и директна борба со политичките неистомисленици, изјави Андоновски.

Тој потенцираше дека говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, точно и јасно ги покажуваат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ристе Здравков

Најнови вести