четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ангажирани 541 полициски службеник за превенирање и гасење на пожарите

Ангажирани 541 полициски службеник за превенирање и гасење на пожарите

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, во текот на изминатото деноноќие, од страна на МВР беа ангажирани 541 полициски службеник, реализирани се 214 мото-патроли, а користени се 156  моторни возила.

Како што соопшти МВР, на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР, виедно, апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, наведуваат од МВР. 

Најнови вести