Второобвинетата за убиството на Пино Секондо, 22-годишната Ангела Ѓорѓиевска, на денешното судење рече дека не го сторила делото и не се чувствува виновна.
– Разбрав за што сум обвинета. Не се чувствувам виновна за кривичното дело бидејќи ништо од наведеното во обвинението не сум сторила, кажа Ѓорѓиевска.
Нејзиниот адвокат Еленко Миланов рече дека таа е обвинета без ниту еден доказ и оти ќе биде докажано дека немала ништо со убуството на Пино.
Пино Секондо беше убиен на 11 декември минатата година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.