За предлозите за разрешување на министрите, од премиерот имавме предлог само едно ливче без никакво образложение. Ниту позитивно, дали ги исполнил очекувањата, ниту нешто негативно, ниту дали нешто згреши во текот на своето работење, буквално, немаме основ по кој што би дискутирале, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска од денешната собраниска седница за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.
Ангелевска посочи дека освен што премиерот Димитар Ковачевски не поднел никакво образложение за разрешувањето на министрите, посебно за министерот Алити не може и ништо да се најде во медиумите, најверојатно, затоа што толку и сработил.
По медиумите на интернет за минситерот Алити може да се најде само некои работилници на кои учествувал за изготвување на закони, кои никако да стигнат во Собрание, како и извештај за процентуалната застапеност во балансерот во администрацијата.
„Неколку мои колеги, еве и јас кажуваме дека не го познаваме овој министер, не беше експониран, за разлика од Беким сали кој што беше многу поекспониран во јавноста. С еобидов јас во неколку медиуми да најдам одредени изјави, одредени прес конференции, најдов само две, три изјави за извештајот за вработените во јавниот сектор за 2022, за некоја работилница за одредени закони кои што оваа владејачко мнозинство ги најавува веќе неколку години, а никако да стигнат во Собрание. Законот за административни службеници, Законот за висока раководна служба и така натаму, она што и моите колеги го споменаа, а тоа е едно толкување на министерот за балансерот и одредени проценти“, рече Ангелевска.
Ангелеска за јавноста кажа дека според последниот извештај за вработените во јавниот сектор имаме 1.346 институции и 132.088 вработени и ако направам со компарација со последната година во која што ВМРО-ДПМНЕ беше на власт со коалицијата, во 2016 година имаме 1.291 институција со 129.653 вработени.
„Постојано, во сите извештаи на Европската комисија ни е наведено дека потребна ни е реформа во администрацијата, а факт е дека шест години се тапка во место, чекор не е направен. Последниот извештај на Европската комисија вели дека реформата во администрацијата, останува умерено подготвена и факт е дека секојдневните реакции на граѓаните покажуваат дека имаме преобемна, исполитизирана администрација“, истакна пратеничката Ангелевска.