сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНКЕТА: Граѓаните сметаат дека Македонија се движи во негативна насока, ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

АНКЕТА: Граѓаните сметаат дека Македонија се движи во негативна насока, ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока. Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%). Резултатот на ова е двојната предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, водечката партија од владината коалиција, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Мал дел од испитаниците, само 13% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, околу една четвртина сметаат дека стои во место.

Според испитаниците најголем проблем со кој се соочува нашата земја е инфлацијата и растот на цените на струјата и нафтените деривати (44%), додека 26,3% одговориле невработеноста и намалената стопанска активност. Оттука 70,3% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во земјата се економски фактори. Од неекономските фактори се издвојува криминалот и корупцијата со 20 отсто.

Од 1 до 5 испитаниците ја оценуваа работата на државните институции. Најниски оценки за успешноста во работењето добија Владата (2,2) и судството (1,86). Две третини од испитаниците (67%) сметаат дека Владата работи неуспешно, а 76% од испитаниците сметаат дека судството не работи успешно.

Рејтинг на партиите

На прашањето „Доколку утре се одржат избори дали ќе излезете да гласате“, 56,6% од испитаниците одговориле „да“. Од определените граѓани 18,6 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,4 отсто за СДСМ.

Во групата нема да гласа или не сака да одговори се 43,4 отсто од испитаниците, а 21,5 % одговориле дека не сакаат да кажат дали ќе излезат или не на наредните избори.

Целата анкета погледнете ја на МКД.мк.

Најнови вести