среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНКЕТА: Корупцијата и нефункционирањето на правниот систем се најсериозните проблеми во застојот и развојот на Македонија

АНКЕТА: Корупцијата и нефункционирањето на правниот систем се најсериозните проблеми во застојот и развојот на Македонија

И натаму перцепцијата на граѓаните на Македонија е дека корупцијата и нефункционалноста на правниот систем се дел од најсериозните проблеми во застојот на развојот на државата. Половина од испитаниците во истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн сметаат дека состојбата со корупцијата во земјата се влошува, а 35 отсто сметаат дека е иста. Помалку од 10 отсто од испитаниците сметаат дека состојбата со корупцијата се подобрува.

Истражувањето е спроведено од 18 до 23 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Како главни причини за постоечкото ниво на корупција граѓаните сметаат дека е толеранцијата на граѓаните (29%) и тоа што самата власт ја поттикнува корупцијата (28,8%). За 24,6 отсто од анкетираните граѓани проблемот е и во надлежните институции (МВР, обвинителство судови…) кои не се борат против корупцијата.

Корупцијата стои високо на рејтинг листата на најважните проблеми со кои се соочува земјата – неповолната економска ситуација и невработеноста (44,9 отсто) и корупцијата и нефункционалниот правен систем (30,4 отсто).

Само 12,8 отсто од испитаниците можат да посочат некој конкретен случај на корупција во изминатата година, при што најголема свесност постои за случајот Рекет 1 и за случајот со тендерите на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Приближно 20% од испитаниците, односно кај околу 40% од оние кои се вработени постои опасност да го изгубат работното место. Опасноста за губење на работното место е поизразена кај испитаниците кои се вработени во приватниот сектор.

Само една третина од испитаниците сметаат дека денес е лесно да се најде работа во приватниот сектор. Овој процент е нешто повисок кај испитаниците кои се вработени во приватен сектор и кај невработените.

Анкетирањето беше спроведено во периодот од 18 јуни до 23 јуни со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: +-3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година.

Извор: МКД.мк

Најнови вести