сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Анкета на Социетас Цивилис: 53% од граѓаните незадоволни се од работата на Владата

Анкета на Социетас Цивилис: 53% од граѓаните незадоволни се од работата на Владата

Високи 53% од граѓаните се незадоволни од работата на Zладата за тоа како се справува со актуелната состојба во земјата, покажуваат резултатите на „Социетас Цивилис“.

Имено, на прашањето „Дали Владата прави доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието?“, високи 53% од анкетираните одговориле негативно, додека 34% одговориле позитивно, а 8% се изјасниле со „не знам“ или немале одговор.

Вакви се резултатите од анкетата која ја објави Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка.

Прашањата биле дел од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1 010 испитаници, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Најнови вести