„Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.
Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Гази Баба, покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 26.6% од испитаните граѓани.
Зад него е кандидатот на СДСМ, Борис Георгиевски за кој довербата ја дале 20,5% од граѓаните, кандидатот на Интегра, Ѓорги Тодоров за која 2,4% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат и кандидатот на ТМРО, Катерина Јовановска Ивановска со 2,2% .
Резултатите од анкетата, во делот за општина Битола, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 22.6% од испитаните граѓани.
Зад него е кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски за кој довербата ја дале 18,3% од граѓаните, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Горан Милевски за кој 7,1% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Демократи, Јорго Огненовски со 1,5%, кандидатот на Македонска Ера Трета, Горан Тасковски со 1,3% и независниот кандидат Зоран Лозаровски Паљо со 1%.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Гевгелија, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 24.4% од испитаните граѓани.
Зад него е кандидатот на СДСМ, Сашко Поцков за кој довербата ја дале 19,3% од граѓаните, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Виктор Петков за кој 4,8% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Интегра , Љупчо Кадиев со 1,7% и независниот кандидат Глигор Петков со 2,1%.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Неготино, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Стојанов.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 26.9% од испитаните граѓани.
Зад него е кандидатот на СДСМ и коалицијата за кого 25,9% од испитаниците изјасниле дека ќе гласаат за него.