понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкета за потсмев: Стратум да објасни како вкупниот збир на проценти изнесува НЕВЕРОЈАТНИ 104%

Анкета за потсмев: Стратум да објасни како вкупниот збир на проценти изнесува НЕВЕРОЈАТНИ 104%

Денес беше објавена анкета која предивика потсмев во јавноста. Имено, анкетата која ја спровела агенцијата Стратум Рид, освен што прогнозира дека Ковачевски има највисок рејтинг меѓу политичарите во Македонија има една голема грешка. Збирот на проценти во анкетираните изнесува 104%.

Според анкетата, на прашањето за поддршката на уставните измени 50% од испитаниците се изјасниле неутрално, 35% ги поддржуваат, а 19% се противат, што дава вкупен збир од неверојатни 104%!?

Јавноста, според реакциите, не е изненадена од оваа грешка кога се работи за агенцијата која ја правела, бидејќи истата агенција во 2021 година тотална ја промаши анкетата пред локалните избори.

Тогаш Стратум прогнозираше дека СДСМ има најголема доверба од 26,1% испитаници, 23,8 отсто имаат доверба во ВМРО ДПМНЕ, а за време на изборите СДСМ катастрофално изгуби.

Исто така Стратум беше поврзуван и со скандалите со доделените грантови од Фондот за иновации.

Најнови вести