„Финансиските средства за Игорче се обезбедени од анонимен паталец, а авионските билети ги плати Деспина Велковска“.
Оваа прекрасна вест беше споделена пред малку по повикот дека време за чекање нема и дека Игор Геленчев е во критична состојба.
Тој утре ќе оди на лекување во Турција.
-Воедно благодарност и до Жана Величковска што несебично ни излезе во пресрет. Ви благодариме на сите хумани луѓе што го раширивте постот. Игорче утре лета за Турција, му посакуваме успешна операција и лесно заздравување, пишува во соопштението.
Бидејќи ќе има и постоперативен период и терапија, можете да донирате на отворените донациски броеви и да му помогнете на Игор да успее во оваа борба!
143181 Телеком
143468 Вип/Оне