Државната комисија за спречување на корупцијата денеска во своите простории ќе ја одржи деветтата седница, на која на дневен ред се повеќе приговори за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседатеските избори.
Како што се наведува во соопштението, сите приговри се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на активности на Платежната агенција, како и против градоначалниците на општините Гази Баба и Штип, на Општината Штип, и вд градоначалникот на Ново Село, Струмичко.