среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Антикорупциска ќе се произнесе за Законот за стратешки партнер за изградба на автопатишта

Антикорупциска ќе се произнесе за Законот за стратешки партнер за изградба на автопатишта

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи прес-конференција во врска со мислењето Предлог законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 Д во Република Северна Македонија, кое го достави до Собранието.

Законот, по скратена постапка, вчера беше изгласан во Собранието. Тој е конкретна реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата.

Најнови вести