Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната јавна седница поради непостапување по член 35 и не можност да достави документ до еден пратеник во Собранието одлучи да го запре предметот што го имаше отворено по сопствена иницијатива и да го достави до прекршочна комисија.
Причина за тоа, како што беше истакнато на седницата, е неможноста нивниот документ да го достават до адресата на пратеникот, ниту по обидот тоа да го направат преку Собранието.
ДКСК по сопствена иницијатива отворила постапка за анкетниот лист на еден пратеник за кој било констатирано дека фирмата која ја управувал му ја доделил на неговиот син по изборот во Собранието. Како што беше посочено, согласно член 77 тоа не е дозволено и управувањето не може да биде доделено на член на семејството.
-Долго време се обидувавме барањето да го доставиме до пратеникот, но се враќаше како непозната адреса, побаравме и преку Собранието, но и оттаму ни беше доставено како недоставено, рече Катица Николовска од ДКСК.