понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Антикорупциска отвори предмет против Кочо Анѓушев

Антикорупциска отвори предмет против Кочо Анѓушев

ДКСК отвори предмет за вицепремиерот Кочо Анѓушев поради владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори. Според државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев не се изземал во вториот дел од постапката, јавува Телма.

Тој присуствувал на седница на Влада каде била усвоена одлуката.

ДКСК утврди дека има судир на интереси и ќе побара од премиерот да покрене иницијатива за утврдување на одговорност заради прикривање на приватни интереси од страна на Анѓушев.

Оваа одлука на ДСКСК беше усвоена по 30-минутна дебата на членовите, со 4 гласови за , наспроти 2 против.

Во интервјуто кое го даде во Топ Тема на Телма, Анѓушев тврдеше дека барањето за намалувањето на царините се однесувало за полска компанија а не за негов бизнис интерес.

Најнови вести