петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Антикорупциската комисија прифати приговор на ВМРО – ДПМНЕ, исплатата на лозарите е незаконска

Антикорупциската комисија прифати приговор на ВМРО – ДПМНЕ, исплатата на лозарите е незаконска

Антикорупцоската комисија денеска го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ против Агенцијата за финансиска поддршка која во изборен период исплатила 1.250.000 евра на повеќе од 2000 лозари, но не за субвенции и редовни исплати, туку за исплата на долг на приватни фирми, објави Плусинфо.

Антикорупционерите, како што беше речено на денешната седница на која се разгледуваат четири приговори на опозициската партија, ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи за Агенцијата која прекршила член од Изборниот законик, затоа што исплатила буџетски пари, а до комисијата не поднела образложение зошто тоа било направено откако биле распишани претседателските избори.

Најнови вести