сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апел на Шукова за комуналните услуги во Полошкиот регион: Граѓаните повеќе да плаќаат, претријатијата почесто да чистат

Апел на Шукова за комуналните услуги во Полошкиот регион: Граѓаните повеќе да плаќаат, претријатијата почесто да чистат

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова од Тетовско упати апел до граѓаните и локалните институции во Полошкиот регион за поголема интеграција во однос на прашањето на справување со отпадот. Таа посочи дека двете страни редовно треба да ги исполнуваат обврските со цел да има почиста животна средина.

– Граѓаните бараат услуга, јавните претпријатија треба да дадат услуга. Меѓутоа граѓаните за да добијат услуга, треба да платат и за услугата. За жал, во Полошкиот регион нивото на наплата на услуга е многу ниско во однос на другите региони. Апелирам да се зголеми наплатата, значи граѓаните да плаќаат ама и, јавните претпријатија да се обратат спрема граѓаните да си соберат средства коишто потоа треба да ги инвестираат во расчистување на дивите депонии во регионот, изјави Шукова.

Според министерката, централната власт преку странските фондови учествува во справувањето со отпадот.

– Имаме постојано средба со градоначалниците. Полошкиот регион е планиран како еден од регионите коишто се финансира од новиот заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за воспоставување на основна инфраструктура за управување со отпад по европски стандарди. Кај Полог е планирана дорехабилитација на Русино. Таму швајцарската Влада вложи дел од средствата. Еве и во рамките на овој заем се планирани, меѓутоа што е битно- обврските да ги исполнуваат сите, посочи министерката Шукова.

Таа денеска беше во Туденце, Општина Јегуновце каде почнаа градежни работи во коритото на река Вардар со цел превенција на поплави. (МИА)

Најнови вести