четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апелација одлучува дали Спиро Ристовски ќе излезе од притвор

Апелација одлучува дали Спиро Ристовски ќе излезе од притвор

Апелацискиот суд деновиве треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор.

Се одлучува дали ќе може да се брани од слобода како осомничен за настаните во Собранието од 27-ми април.

На јавна седница во Апелацискиот суд, Ристовски побара да му биде укинат притворот или да му биде заменет со куќен притвор.

Тој ги уверува судиите дека нема да бега бидејќи е семеен човек и дека нема да влијае врз сведоци бидејќи истрагата веќе е завршена.

Откако заедно со екс-министерот Миле Јанакиески беа нападнати и претепани во притворското одделение, Јанакиески замина во куќен притвор, а Ристовски остана во „Шутка“. Сите истраги покажаа дека двајцата поранешни министри се нападнати поради нереагирање на обезбедувањето и пропусти во безбедноста.

 

 

 

Најнови вести