Апелациониот суд се уште не излегол со информација за одлуки по жабите за продолжување на притворот на осомничените за 27 април.
Иако некои адвокати уште минатата недела се жалеле до Апелација и законскиот рокот од 48 часа истече, уште вчера, од Апелација никој не договара за евентуална одлука. Дел од бранителите дури денеска ќе поднесат жалба до Апелација бидејќи како што велат за Алфа, доцна ја добиле одлуката за продолжување на притворот од Кривичен суд.
Од апелациониот суд од одделението за односи со јавноста не беа достапни да одговорат дали ќе ги чекаат сите жалби по притворите па ќе одлучува советот составен од 5 апелациони судии, бидејќи рокот по поднесената жалба од 48 часа помина.
Кривичниот совет на скопска единица, во средата донесе одлука, да го прифати предлогот на обвинителството за организиран криминал и за 23 осомничени да ја продолжи мерката притвор за уште 30 дена. На 6 осомничени судот ја продолжи мерката куќен притвор.