четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апостолоски: Над 2 недели без греење градинка во Ѓорче Петров во услови на епидемија

Апостолоски: Над 2 недели без греење градинка во Ѓорче Петров во услови на епидемија

Неспособноста на Александар Наумоски и СДСМ ги погодува најранливите категории во општина Ѓорче Петров. Имено, повеќе од две недели нема парно греење во градинката Детелинка во склоп на основното училиште Мирче Ацев, изјава Данијел Апостолоски советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров.

Тој посочи дека над две недели во услови на светска пандемија која насекаде коси и кога температурите се блиску до нулата, воспитувачките и децата седат во ладни простории само заради тоа што Наумоски не им го решава проблемот со греењето.

-Дечињата наместо да се греат во текот на целиот престој, се греат само два часа на клима уред кој не ги загрева просториите согласно пропишаните стандарди. Срамота е општината и градоначалникот да нотираат функционални градинки во Ѓорче Петров, а во реалноста ништо да не прават да надминат еден ваков проблем во оваа детска градинка. Ѓорче Петров е една од општините каде што има најмногу заболен персонал од КОВИД-19 во градинките и каде што најмногу дечиња се во изолација што отвора сомнеж дека има проблем во спроведувањрто на здравствените протоколи, а дополнително со отсуството на загреани простории во оваа градинка се зголемува ризикот за загрозување и здравјето на дечињата. Го повикуваме Александар Наумоски и локалната власт наместо да се грижат само како да исцртуваат нови згради и да печалат од нив, веднаш да најдат решение за овој проблем со цел да го заштитат здравјето на дечињата и на вработените, нагласува Апостолоски.

Најнови вести