сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апостолоски: Наумоски наместо да се крие и молчи, да одговори до кога илјадници ученици во Ѓорче Петров ќе немаат оброк?

Апостолоски: Наумоски наместо да се крие и молчи, да одговори до кога илјадници ученици во Ѓорче Петров ќе немаат оброк?

Неодговорноста и неспособноста на Александар Наумоски и СДСМ остави илјадници основци и ученици на целодневна настава без оброци. Оваа година учениците од училиштата Димитар Поп Георгиев Беровски, Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Тихомир Милошевски и Јоаким Крчоски за првпат во последнава деценија учебната година ја започнаа без обезбеден оброк, истакна Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради неодговорноста на Наумоски и ненавремената реализација на постапката за јавна набавка на оброк за учениците, илјадници деца се принудени сами да се снаоѓаат за храна, да носат од дома или да купуваат. Александар Наумоски наместо да се крие и да молчи да одговори, до кога илјадници ученици во Ѓорче Петров ќе немаат оброк? Ова е недозволиво и понижувачки за учениците, рече Апостолоски и додаде:

„Александар Наумоски ако не знае како да работи и како да ја води општината, пред да им нанесе огромна штета на граѓаните на општина Ѓорче Петров да си  поднесе оставка“.

Најнови вести